Лукас Окампос

Севилја го победи Вулверхемптон со 1-0 и обезбеди пласман во полуфиналето на фудбалската Лига Европа, во кое ќе се сретне со Манчестер јунајтед в недела. Лукас Окампос беше стрелец на победоносниот погодок во 88 минута. Вулверхемптон, пак, има за што да жали бидејќи Раул Хименез не реализираше пенал во 13-та минута.

На вториот вечерашен четвртфинален меч Шахтер беше убедлив против Базел славејќи со 4-1. Стрелци за украинскиот клуб беа Мораеш во втората минута, Тајсон во 22 минута, Алан Патрик од пенал во 75 минута и Додо во 88-та минута, додека Рики ван Волфсвинкел го постигна единствениот гол за Базел. Шахтер во полуфиналето ќе се соочи со Интер, в понеделник.

Интересно е што Јужноамериканци ги одлучија двата вечерашни дуели. Севилја дојде до победа по акцијата на Аргентинците Окампос и на Евер Банега кој беше асистент, а сите погодоци на Шахтер беа дело на Бразилци (Мораеш настапува за Украина како натурализиран фудбалер).

Манчестер јунајтед вчера беше подобар од Копенхаген со 1-0 по продолженија, а Интер го совлада Баер со 2-1.