Тренерот на Јувентус, Масимилијано Алегри размислува да извади состав со четворица „истурени“ фудбалери на реваншот од четвртфиналето во Лигата на шампионите.

Италијанските медиуми објавија дека Алгегри разгледувал две формации, едната е 4-2-4, а другата 4-3-3.

Како што се наведува, доколку Јувентус игра со тројца во средниот ред и три напаѓачи на теренот тоа ќе бидат Матуиди, Миралем Пјаниќ и Сами Кедира поназада, а Гонзало Игуаин, Даглас Коста и Квадрадо или Манџукиќ напред.

Во случај на четири напаѓачи Матуиди ќе остане на резервната клупа заедно со Кедира или Пјаниќ.

Првиот натпревар, што се одржа на 3 април, заврши со висок пораз на италијанскиот шампион (0:3).

Натпреварот Реал Мадрид – Јувентус ќе се игра на 11 април со почеток во 20 часот и 45 минути.