Италијанскиот хегемон Јувентус може да се обиде да го привлече Ромелу Лукаку од Манчестер Јунајтед, објавија британските медиуми.

Лукаку (25) се претставува слабо во дресот на „црвените ѓаволи“, откако има 6 гола досега во сезоната во 22 натпревари.

Штабот на италијанскиот шампион гледа во белгискиот напаѓач идеална долгорочна замена за 32-годишниот Марио Манџукиќ.

Самиот Лукаку претходно оваа сезона објави дека се уште не може да се прилагоди на играта на Јунајтед и тоа е една од причините за неговата слаба форма.

Јувентус може да го искористи Даглас Коста, за кого интерес покажува тимот од „Олд Трафорд“, како дел од договорот за привлекување на Белгиецот.