Неприкосновениот тим последниве години во фудбалското првенство на Италија, екипата на Јувентус, во 11-та првенствена рунда го совлада Калјари дома, со 3-1. Тоа беше 10-та првенствена победа (Јувентус има и едно реми) сезонава и тоа е најдобар почеток на една сезона за „старата дама“ во фудбалската Серија А.

Со тоа Јувентус се израмни со Наполи и со Интер, кои имаа ист ефект, по 31 бод по 11 кола, во сезоните 2017/2018, односно 2013/2014, но на крајот не успеаја да ја освојат шампионската титула.

Јувентус има предност од шест бода пред Интер и пред Наполи, кои се на втората и на третата позиција, и е на најдобар пат кон освојување на осмата шампионска титула едноподруго во Италија.
Паоло Дибала првиот гол го постигна по само 42 секунди игра, што е втор најбрз гол за Јувентус, по оној на Артуро Видал во 18-та секунда на мечот против Интер, пред шест години.