Ернест Ѓока 49 годишниот тренер од Албанија од денес е новиот шеф на стручниот штаб на актуелниот македонски шампион Шкендија. Ѓока на клупата го наследи Ќатип Османи кој беше сменет поради лошите резултати, најпрвин во квалификациите во европските купови, а потоа и во првенството.

Шкендија по девет кола во Првата македонска фудбалска лига има освоено скромни 11 бода и се наоѓа на шестата позиција. Шкендија има девет бода помалку од лидерот Вардар.

„Подготвен сум за предизвикот, сакам да бидеме шампиони, да играме во Лига Европа, зошто да не и во Лигата на шампионите“, рекол за клупската интернет страница Ѓока.

Ернест Ѓока во кариерата ги предводел Кукс, Влазнија, Скадар, Фљамуртари и Томори. Со Кукс го освоил првенството и Купот на Албанија.