Барселона и Реал Мадрид нема да играат еден против друг четвртфиналето финалето во Шпанскиот Куп.

„Лос кулес“ се паднаа против Севиља, а Реал Мадрид ќе игра со Жирона, кој пред неколку дена го елиминира Атлетико Мадрид.

Лионел Меси и неговите соиграчи сигурно не се среќни, бидејќи Севиља се трети на табелата во Ла Лига и годинава се опасен ривал.

Учеството на каталонците на ждребот до последно беше доведен во прашање откако цел ден Дисциплинската комисија на федерацијата истражуваше дали да ги казни со елиминација, откако се покажа дека во првата средба против Леванте во претходниот круг користеле казнет фудбалер.

На крајот комисијата процени дека од Леванте не се придржувале на рокот за поднесување на жалба, која е до 48 часа по завршувањето на дуелот.

Двојки за 1/4-финалето на Кралскиот Куп:

Реал Мадрид – Жирона
Гетафе – Валенсија
Севиља – Барселона
Еспањол – Бетис