Во минатите неколку сезони, од 2014-та наваму, во клупските фудбалски натпреварувања екипите од Шпанија освоиле дури 19 од вкупно 20-те трофеи!?

За тие успеси најмногу заслуги има Реал, кој во тој период се закитил дури со 11 победнички пехари. Покрај Реал, шпанската доминација ја потврдија Барселона, Севилја и Атлетико. Единствено Манчестер јунајтед им „откина“ една титула на шпанските тимови, лани со триумфот во Лига Европа (ЛЕ).