ФУДБАЛ – ПО ПОВЕЌЕ МЕСЕЦИ ПАУЗА

Шпанската фудбалска Ла лига, по повеќемесечна пауза поради пандемијата на коронавирусот, продолжува денеска со неизвесна трка за титулата, за европските места и за опстанокот. Мечевите ќе се играат без публика, секој ден, па темпото ќе биде силно.

Првиот меч на програмата е дуелот Севилја – Бетис. Од претендентите за титулата, водечката по 27 кола Барселона (58 бода) в сабота гостува кај Мајорка, а Реал Мадрид (56 бода) в недела игра дома со Еибар. Во трката за пласман во Лигата на шампионите се и Севилја (47 бода), Сосиедад (46), Гетафе (46), Атлетико Мадрид (45), Валенсија (42)…

Од најсилните пет лиги во Европа, германската се игра веќе неколку недели, шпанската продолжува денеска, а од идната недела треба да се играат мечеви и во Англија и во Италија.