Фудбалската федерација на Шпанија планира да поднесе кандидатура за Европското првенство во 2028 година.

За таа цел се одржа состанок меѓу премиерот на Шпанија, Педро Санчез, претседателот на шпанската федерација Луис Рубијалес и првиот човек на ФИФА, Џани Инфантино. На состанокот била разгледувана и можноста за Шпанија да биде домаќин на Светското првенство во 2030 година.

Засега не е познато дали Шпанија сама ќе ја поднесе кандидатурата или во соработка со Португалија.

Последниот голем фудбалски настан што го организираа Шпанците е Светското првенство во 1982 година.

Во меѓувреме до крајот на месецот треба да биде донесена одлука за организаторот на Европското првенство во 2024 година, а кандидати се Турција и Германија.