Репрезентацијата на Шпанија имаше 85-отстотен посед на топката, но и покрај тоа не успеа да го скрши отпорот на селекцијата на Шведска (0-0) на мечот во Севилја, пред домашните навивачи, во првото коло на фудбалското Европско првенство (ЕП).

Шпанците имаа и 917 точни додавања (во првото полувреме 419) што е најголема бројка на натпревар од ЕП, откако „Опта статистика“ во 1980 година почна да бележи такви податоци.
– Игравме против тим што реши да брани и сите свои надежи да ги базира врз долги топки напред. Но и покрај тоа, тие имаа шанса да победат. Вакво реми изгледа лошо, жал ми е за играчите и за навивачите затоа што оваа ноќ беше за победа. Нашата намера беше да создаваме шанси за гол, го сторивме тоа, но не ги реализиравме – изјави шпанскиот селектор Луис Енрике.

На оваа средба Педри стана најмладиот фудбалер што настапил за репрезентацијата на Шпанија на европските првенства, на возраст од 18 години и 201 ден.

ДЕНЕСКА НА ЕП 2020
Финска – Русија 15 ч.
Турција – Велс 18 ч.
Италија – Швајцарија 21 ч.