ФУДБАЛ

Најскапата фудбалска постава на Летните олимписки игри (ЛОИ) во Токио, таа на репрезентацијата на Шпанија, вреди 563 милиони евра, објави специјализираната интернет-страница „Трансфермаркт“. Дури седум играчи на оваа репрезентација имаат свое место во најскапиот тим на натпреварувањето, кој е дополнет со двајца Бразилци и по еден од Германија и од Брегот на Слоновата Коска. Од шпанскиот состав се Унаи Симон од Атлетик Билбао (20 милиони евра), Пау Торес од Вилјареал (50 милиони), Марк Кукурела од Хетафе (20 милиони), Микел Мерино од Еспањол (40 милиони), Микел Ојарзабал од Реал Сосиедад (70 милиони), Педри од Барселона (80 милиони) и Дани Олмо од Лајпциг (50 милиони евра).