Шкендија попладнево (од 17 часот) го игра реваншот од првото квалификациско коло за пласман во фудбалската Лига на шампионите, во Скопје, со естонскиот Номе Калју, кој на гости го победи со 1-0 минатата недела. Македонскиот првак има шанса да се најде во второто коло, каде што противник можеби ќе биде некогашниот европски првак, шкотскиот Селтик (славеше на гости во првиот меч кај Сараево со 3-1).

Од странските клубови во кои има македонски репрезентативци, Сараево на Крсте Велкоски гостува кај Селтик, а Ференцварош на Стефан Спировски игра кај Лудогорец (прв меч 2-1 за Ференцварош). Во второто квалификациско коло директно се пласира Динамо Загреб на Аријан Адеми, кој треба да игра со подобриот од дуелот Шериф – Сабуртало (3-0 прв меч).