Македонскиот фудбалски првак Шкендија ќе игра со Њу Сејнтс од Велс во првото квалификациско коло од Лигата на шампионите.

Ова е исходот по денешната жрепка во седиштето на УЕФА во Нион, Швајцарија.

Тетовци можат да бидат задоволни од извлекување со оглед на тоа што можеа да добијат далеку посилни противници.

Првиот меч ќе се игра на 10/11 јули кога Шкендија ќе биде домаќин. Реваншот во Велс е седум дена подоцна.