Новиот фудбалски шампион на Македонија е Шкендија, откако во Тетово го совладаа Шкупи со 2:0 во 29 -то коло на Првата македонска фудбалска лига.

За клубот од Тетово ова е втора титула во нивната историја и ја обезбедија на седум кола пред крајот на оваа сезона во домашното првенство.

Прилепска Победа со 2:0 го победи најтрофејниот македонски фудбалски клуб Вардар, Работнички убедливо го совлада Пелистер со 4:0, Силекс ја победи Ренова со 1:0 во Кратово, а Академија Пандев славеше со 0:2 против Скопје, на дуелот што се одигра во Кичево.