Шкендија и Шкупи го завршија учеството во Европа

Македонскиот шампион Шкендија и вицешампион Шкупи го завршија учеството во европските купови за сезонава, откако вечерва беа елиминирани во второто квалификациско коло за фудбалската Конференциска Лига.

Шкендија загуби од летонска Рига со 0-1 во Скопје, со што испадна со вкупен резултат 0-3 во двомечот. Шкупи, пак, беше поразен на гостувањето кај португалска Санта Клара со 0-2, за убедливи 0-5 во двата дуела.

Шкендија стекна учество во Конференциската лига по елиминацијата од словенечка Мура со вкупен резултат од 0-6 во првото квалификациско коло за Лигата на шампионите.