Македонскиот првак Шкендија, како и уште петмина македонски фудбалски интернационалци со своите клубови денеска ќе играат за пласман во групната фаза на Лига Европа. Шкендија во Скопје го пречекува Розенборг (20.15 часот) по поразот со 1-3 на гостувањето. Од интернационалците во трка се Даниел Аврамовски со Олимпија (0-2 по првиот меч дома со Спартак Трнава), Иван Тричковски и Даниел Мојсов со АЕК Ларнака (1-1 со Тренчин на гости). Стефан Ристовски (Спортинг), Елиф Елмас (Фенербахче), Аријан Адеми (Динамо З.) и Бобан Николов (Види) се сигурни учесници во групната фаза.