Македонскиот фудбалски првак Шкендија го заврши учеството во квалификациите откако вечерва загуби од Мура со 0-5 на гостувањето во Словенија. Првиот меч одигран пред една недела во Скопје заврши без победник 1-1.

Лука Бобичанец ги постигна двата гола за домаќинот во првото полувреме, а во второто полувреме погодија Жига Коус и Михаел Клепач двапати. Тетовци играа со 10 фудбалери на теренот, откако Јан Кривац беше исклучен во 42-та минута поради два жолти картона.

Шкендија ќе го продолжи учеството во Европа во Конференциската лига, каде што во второто квалификациско коло ќе се сретне со летонска Рига.