Македонскиот првак Шкендија ќе се сретне со естонскиот првак Номе Калју во првото коло од квалификациите за фудбалската Лига на шампионите (ЛШ). Ова е резултат од ждрепката влечена денеска во седиштето на Европската Фудбалска Унија (УЕФА) во Нион, Швајцарија.

Тетовци кои беа носители на извлекувањето добија полесен противник, избегнувајќи ги романски Клуж и унгарски Ференцварош од можните ривали.

Шкендија минатата сезона стигна до третото коло од квалификациите за ЛШ, каде што беше елиминирана од австриски Салцбург.

Првите мечеви се играат на 9 и на 10 јули, реваншите се една недела подоцна.