Фудбалерите на Ливерпул ја освоија титулата во Лигата на шампионите во сезоната 2018/2019. Ливерпул во големото финале, на „Ванда Метропилитано“ во Мадрид го победија Тотенхем со 2:0. „Црвените“ ја освоија својата шеста титула европски првак, а нивниот менаџер Јирген Клоп по двата порази во финалните натпревари конечно успеа да го освои „пехарот со уши“. Од друга страна Тотенхем не успеаја во своето прво финале да стигнат до вредниот пехар.

Ливерпул и Тотенхем одиграа финале кое бргу ќе се заборави. Целиот меч мина во тактичко надмудрување со неколку добри, но без 100 отстотни шанси за постигнување на гол.

Тотенхем со 67 отсто од поседот на топата прв пат се закани во 80 минута, кога ударот на Сон го одбрани Алисон. Ливерпул се определија за пресинг кон играчите од средниот ред на противникот, без при тоа да преземат преголем ризик. Еден добар удар на Робертсон во првиот дел и обидот на Милнер кој заврши крај дирекот беше се од нив.

Покрај ударот на Робертсон, единствено што вреди да се забележи од првото полувреме е контроверзниот пенал за Ливерпул во 30 секунда и атрактивната навивачка која влета на теренот во 18 минута и предизвика кус прекин на натпреварот.

Првиот гол го постигна Салах од пенал, по 108 секунди игра. Голот на Египѓанецот е вториот најбрз гол во финалните мечеви.

Тактичкото надмудрување го обележа и второто полувреме, Тотенхем и покрај негативата не успеа да ја наметне својата игра, ниту пак одговорија на пресингот на Ливерпул. Милнер во 71 минута имаше добар обид за Ливерпул, но неговиот обид заврши крај дирекот.

Сон дури во 80 минута го имаше првиот вистински обид за Тотенехм. Неговиот удар го одбрани Алисон. Пет минути подоцна бразилскиот голман одлично го одбрани слободниот удар на Ериксен.

Две минути подоцна Ливерпул го реши мечот. Играчите на Тотенхем лошо реагираа во одбраната, Матип успеа да ја протне топката до Ороги кој со одмерен удар стави топка на мечот.