Актуелниот двократен европски првак Реал Мадрид ќе се сретне со Баерн, додека Ливерпул ќе игра против Рома, во полуфиналето на фудбалската Лига на шампионите (ЛШ). 

Ова е резултат од денешната ждрепка во Нион, Швајцарија, во чие извлекување учествуваше легендата на украинскиот фудбал, Андриј Шевченко.

Реал Мадрид беше поуспешен од Баерн во четврт-финалето на претходното издание на натпреварувањето.

Првите мечеви се играат на 24/25 април, а ревашните на 1/2 мај. Финалето во Киев е закажано за 26 мај.