Во плејофот за титулата во фудбалската Лига на нациите ќе играат четирите најдобри репрезентации од лигата А – Португалија, Англија, Холандија и Швајцарија. Влечењето на ждрепката за двојките е закажана за 3 декември, а турнирот треба да се игра во јуни в година во Португалија. Победникот ќе биде прогласен за шампион на Лигата на нациите, но со освојување на титулата нема да се пласира на Европското првенство во 2020 година. Сепак, на секоја од овие четири селекции ѝ е гарантирано местото и во плејофот на Лигата на нациите, во март 2020 година, ако не се пласираат на ЕП низ квалификациите.