Претседателот на УЕФА Словенецот Александар Чеферин нема да има противкандидат на изборите за водечката позиција во Европската фудбалска федерација што ќе се одржат во февруари.

УЕФА ги објави номинациите за претседател по истекот на крајниот рок во среда и 51 годишниот Чеферин ќе биде единствен кандидат.

Словенецот на водечката должност во УЕФА беше избран во 2016 година, кога го победи противкандидатот од Холандија, Ван Праг.

Гласањето за нов претседател на УЕФА ќе се одржи на конгресот на организацијата во Рим на 7 февруари.