Победа и Македонија ЃП ќе се обидат по вторпат да го освојат трофејот во фудбалскиот Куп на Македонија, а Беласица и Академија Пандев ќе атакуваат на пласман во своето прво финале во ова натпреварување. Тие четири тима вчера се пласираа во полуфиналето. Победа славеше во 2002 година, а Македонија ЃП во 2006 година.

Сите четири тима во четврт-финалето забележаа по две победи против ривалите, и тоа Победа против Шкендија (вчера сома со 2-0, во првиот меч на гости со 1-0), Беласица со Силекс (вчера дома 2-0, како и на гости), А. Пандев против второлигашот Кораб (вчера 6-1 на гости, пред тоа дома 3-1), како и Македонија ЃП против Работнички (по 1-0 вчера на гости и пред тоа дома). Победникот на Купот на Македонија ќе игра во квалификациите за пласман во Лига Европа.