Вардар е четвртиот тим што сезонава во Првата македонска лига избива на првото место по едно коло, откако во седмото, во средата, го победи Силекс дома со 1-0, досегашниот лидер Академија Пандев дома загуби од Ренова со 0-2, а актуелниот првак Шкендија беше поразен од Победа со истиот резултат, исто така, дома. По претходните кола на лидерската позиција беа Ренова (по првото коло), Академија Пандев (по четири рунди, од втората до шестата) и Работнички (по четвртото коло).

И во другите мечеви од осмото коло победниците славеа без примен гол: Беласица – Шкупи 1-0 и Македонија ЃП – Работнички 3-0. В недела, во осмото коло на програмата се дуели меѓу тимовите од водечката четворка: Победа – Вардар и Академија Пандев – Шкендија, како и средбите Работнички – Беласица, Ренова – Шкупи и Силекс – Македонија ЃП.