Шпанскиот голман Кепа Аризабалага со евентуалниот трансфер во Челзи ќе стане најскапиот голман на сите времиња.

Како што објави шпанскиот весник „Марка“, лондонскиот клуб се согласил да плати 80 милиони евра, колку што изнесува откупната клаузула за 23-годишниот голман на Атлетик Билбао.

Ако се реализира овој трансфер ќе биде урнат рекордот на Алисон Бекер, кој за 72 милиони евра од Рома премина во Ливерпул и во моментот е најскапиот голман на светот.

Во меѓувреме се поизвесно е заминувањето на голманот Тибо Куртоа од Челзи.