Челзи ги прекина преговорите со Реал Мадрид за Тибо Куртоа. Според „Скај спортс“, „сините“ нема да се разделат со Белгиецот додека не најдат негов заменик.

Цената на Куртоа е 35 милиони евра, а Флорентино Перез е подготвен веднаш да ја плати. Во изминатата сезона, голманот број 1 на Светското првенство во Русија запиша 46 натпревари за Челзи и прими 47 гола.

За заменик на белгискиот голман се споменува Каспер Шмеихел од Лестер. „Лисиците“ го привлекоа Дани Ворд од Ливерпул, но тие нема лесно да се разделат од Данецот.

Друга опција за тимот од „Стенфорд Бриџ“ е Петар Чех, кој беше продаден на Арсенал токму од Челзи.