Џунеит Чакир од Турција ќе го води полуфиналниот меч на Светското првенство помеѓу Англија и Хрватска.

Средбата, која се игра в среда на 11 јули на стадионот „Лужники“ во Москва, ќе биде трета за Чакир на ова првенство.

Тој го водеше натпреварите во групната фаза Аргентина – Нигерија и Иран – Мароко.

Претходно денеска, беше соопштено дека уругвајскиот судија Андрес Куња ќе ја води првата полуфинална средба на Светското првенство меѓу Франција и Белгија, која е на прогрмата утре во Санкт Петербург.

До моментов, 41-годишниот судија водеше два натпревари – Франција – Австралија од групата Ц и Иран – Шпанија во групата Б.

Тој е првиот арбитер кој го користеше ВАР системот во двата дуели што ги водеше.