Поранешниот шеф и сегашен советник во ФК Динамо, Здравко Мамиќ, Судот во Осиек денеска неправосилно го осуди на 6,5 години затвор заради извлекување 116 милиони куни (над 15 милиони евра) од тој фудбалски клуб, како и дека го оштетил државниот буџет за 12,2 милиони куни (230.000 евра)

Мамиќ не присуствуваше на изрекувањето на пресудата бидејќи вчера заминал во БиХ во Меѓугорје, поради што Жупанискиот суд издаде налог за негово апсење.

Според хрватските закони, лица осудени на казна поголема од пет години мора да бидат во затвор да бидат до правосилност на пресудата

На изрекувањето на пресудата не беа ниту неговиот брат Зоран Мамиќ и уште едно лице, кои исто така се осудени на затворски казни. Зоран Мамиќ доби 4 години и 11 месеци затворска казна, поранешниот диектор на Динамо Дамир Врбановичќ кој е извршен директор на Хрватскиот фудбалски сојуз доби три години и Милан Пернар е осуден на четири години и два месеца затвор.

Ако пресудата стане правосилна сите осудени ќе мора да вратат неприпадна имотна корист.