Извонредната сезона на Ерлинг Браут Холанд (19) продолжи, откако тој влезе во игра од клупата за да постигне гол за победа во 95-та минута за фудбалерите на Борусија Дортмунд, на гостувањето кај Фортуна, во меч од Бундес-лигата. Холанд со удар со глава го постигна својот 11-ти гол на 12 настапи во Германија, 25-ти првенствен вкупно сезонава, со што Борусија остана во трката за титулата и обезбеди пласман во Лигата на шампионите за следната сезона.