Младиот, 19-годишен Норвежанец, Ерлинг Браут Холанд го постигна петтиот хет-трик сезонава за австрискиот Салцбург, на мечот против Волфсбергер, 3-0. Ерлинг, кој е син на поранешниот играч од средниот ред на Лидс и на Манчестер сити, Алф-Инг Холанд, сезонава на 18 натпревари постигна 27 гола, од кои седум во Лигата на шампионите (ЛШ).

Холанд ја напушти родната Норвешка во почетокот од 2019 година. Претходно три години играше за Молде, под водство на сегашниот менаџер на Манчестер јунајтед Оле Гунар Солскјер. Во мај годинава тинејџерот се најде на насловните страници во норвешките медиуми со постигнувањето девет гола на мечот Норвешка – Хондурас (12-0), на Мундијалот до 20 години.