Елиф Ел­мас (десно) Фото: Маја Јаневска-Илиева

Мла­ди­от ма­ке­дон­ски ре­пре­зен­та­ти­вец Елиф Ел­мас (20), игра­чот на италијанскиот Наполи со ко­го се пла­си­ра во ос­ми­на­фи­на­ле­то на Ли­га­та на шампио­ни (ЛШ), е добитник на признани­е­то за нај­до­бар ма­ке­дон­ски фуд­ба­лер ин­тер­на­ци­о­на­лец што го доделува Фуд­бал­ска­та фе­де­ра­ци­ја на Ма­ке­до­ни­ја (ФФМ). На при­год­ната свече­ност во Македонски­от на­ро­ден теа­тар беа до­де­ле­ни и дру­ги на­гра­ди и приз­на­ни­ја во по­ве­ќе кате­го­рии за најдо­бри­те во ма­ке­дон­ски­от фуд­бал за се­зо­на­та 2018/2019.

Спе­ци­јал­но приз­на­ние за при­до­нес во македонскиот фуд­бал до­би Сте­фан Ристов­ски, член на пор­ту­гал­ски­от Спортинг, а приз­на­ни­е­то за најдобар фуд­ба­лер во Пр­ва­та ли­га на Македонија (МФЛ) го до­би ре­пре­зен­та­ти­ве­цот, играч на тетовска Шкен­ди­ја, Ви­сар Муслиу. Најдобар стрелец во МФЛ е поранешниот фудбалер на Ренова Влатко Стојановски, кој сега настапува за француски Ним. За нај­до­бар тре­нер во МФЛ бе­ше прог­ла­сен Ју­гос­лав Тренчовски од Академија Пан­дев од Стру­ми­ца.

Во мла­дин­ска ка­те­го­ри­ја, приз­на­ни­е­то за нај­до­бар играч му при­пад­на на Џемал Ибиши од Вардар, за нај­до­бра фудбалер­ка бе­ше прог­ла­се­на Лен­че Андре­е­ва од Драгон, а за нај­до­бар тре­нер Филип Деспотовски од Вардар. Во футсал, признанието за најдобар фудбалер го доби Таулант Исмаили, а за најдобар тренер Зо­ран Лекиќ. Најдобар судија е Марјан Гоцевски од Струмица.

Приз­на­ни­ја до­би­ја и истак­на­ти спорт­ски ра­бот­ни­ци за при­до­не­сот во раз­во­јот на македон­ски­от фуд­бал, судијката Ивана Пројковска, дол­го­го­диш­ни­от но­ви­нар во МРТВ, се­га во пен­зи­ја, Атанас Костов­ски и пост­хум­но, Бра­цо Вуј­чиќ. Л.Д.