Шеснаесеттото Европско првенство во фудбал е отворено со свечената церемонија на стадионот „Олимпико“ во Рим, каде што Италија и Турција моментно го играат првиот натпревар на турнирот.

Италијанските фудбалски легенди Франческо Тоти и Алесандро Неста ја отворија церемонијата за време на која беше изведена официјалната химна на ЕП 2020, „We Are The People“ од страна на Боно и Еџ од групата У2 и Мартин Гарикс, а настапи и Андреа Бочели.

На олимпискиот стадион во Рим присутни се околу 20 илјади гледачи.