ПРИВРЕМЕНИ ПРАВИЛА НА ФИФА

Фудбалските лиги ќе можат да го почнат летниот преоден рок пред да заврши тековната сезона, според новите привремени регулативи што ги објави Светската фудбалска федерација (ФИФА). Светското управно фудбалско тело ги објави мерките како одговор на одложувањата на првенствата низ целиот свет, предизвикани од пандемијата на коронавирусот. ФИФА, исто така, објави дека на фудбалерите ќе им биде дозволено да играат најмногу за три клуба во една сезона, наместо вообичаените два.

Главниот извршен директор на Премиер-лигата, Ричард Мастерс, на пример, веќе изјави дека најсилната лига во Англија нема да дозволи клубовите да ангажираат играчи пред 25 јули, откако ќе заврши прекинатата сезона. Повеќето европски лиги имаат слични планови, но новите регулативи на ФИФА дозволуваат преодниот рок да почне порано, пишува „Би-би-си“.