Фудбалерите на Лестер ќе присуствуваат на прошталната церемонија за сопственикот на клубот Вишај Шриваданапраби, која ќе се одржи денеска во Бангкок.

Церемонијата ќе биде според будистичките традиции и ќе трае неколку дена.

Како што соопшти „Скај Спорт“, веднаш по натпреварот од Премиер лигата со Кардиф Сити, делегација на играчи и тренери од Лестер ќе оди во Бангкок.

Сопственикот на Лестер загина минатата недела во хеликоптерска несреќа во непосредна близина на стадионот на неговиот клуб.