Само што се одигра последното есенско коло во Втората лига, погонот на кичевски Влазерими замина на заслужен зимски одмор кој ќе трае безмалку два месеци, а првиот собир и зимските подготовки ќе ги стартуваат на 14 јануари наредната година. Засега не се знае кој ќе го напушти клубот, а кој ќе пристигне оваа зима, но според најавите на клупската управа многу прашања ќе бидат одговорени до крајот на оваа седмица.

– Со последниот првенствен натпревар против екипата на Скопје, завршија нашите годинешни активности. Фудбалерите и стручниот штаб се на заслужен зимски одмор, а пред клупската управа стои обврската да вкомпонира состав кадарен да ги исполни очекувањата на клупските симпатизери. Првиот собир и зимските подготовки ќе ги започнеме на 14-ти јануари следната година. Што се однесува до играчкиот состав засега со сигурност не можам да потврдам кој ќе ја напушти нашата екипа, а кои фудбалери ќе го засилат ростерот на Влазерими. Очекуваме до крајот на оваа седмица, дел од овие прашања да бидат одговорени. Радува фактот што финансиски се консолидиравме и кон поголемиот дел од играчите подмирени се обврските, што беше многу важно за целокупниот амбиент во клубот, пред решавачкиот дел од сезоната- истакна Исак Арифи од ФК Влазерими.

З.А.