Селекцијата на Франција се пласираше во финалето на Светското првенство, откако вечерва поведе со победа против Белгија.

Во првиот полуфинален меч, Французите славеа со 1:0 против Белгија и на тој начин се изборија за меч за титулата. Натпреварот не ги оправда очекувањата бидејќи Франција и Белгија беа најатрактивните селекции во досегашниот дел од Мундијалот.

Противник на Франција во големото финале в недела ќе биде подобриот од дуелот меѓу Хрватска и Англија.