Германскиот селектор очекува вжештена атмосфера во Скопје

Германскиот селектор Ханси Флик очекува вжештена атмосфера на утрешниот меч против фудбалската репрезентација на Македонија во Скопје, во рамки на квалификациите за Светското првенство (СП) во Катар в година. Се очекува „црвено-жолтите“ утре да имаат поддршка од околу 17 илјади навивачи на арената „Тодор Проески“.

– Атмосферата во Скопје ќе биде вжештена. Македонската репрезентација ќе биде целосно мотивирана. Тие сакаат да ги задржат шансите за пласман на СП и со победата која ја имаа на наш терен, сега имаат поголема самодоверба. Македонија знае како да игра фудбал, имаат искусни играчи во составот, затоа мораме да ги покажеме нашите сопствени квалитети и мислам дека тоа ќе биде одлучувачко. Не гледам назад во минатото, ние сакаме само да ја имаме нашата филозофија на теренот, да бидеме обединети, да останеме активни. Сакаме да победиме и што е можно побрзо да го обезбедиме пласманот на Светското првенство – рече Флик, пренесе „Ројтерс“.

Мечот помеѓу Македонија и Германија започнува утре во 20.45 минути.