Бразилскиот Фламенго, првакот на Јужна Америка, е првиот финалист на клупското фудбалско Светско првенство во Катар по триумфот на мечот со Ал Хилал од Саудиска Арабија, со 3-1. Противник на Фламенго во финалето, в сабота, во Доха, ќе му биде подобриот од дуелот синоќа помеѓу првакот на Европа, Ливерпул и мексиканскиот Монтереј, шампион на Северна Америка. Евентуалното финале Фламенго – Ливерпул би било повторување на дуелот од 1981 година во тогашниот Интерконтинентален куп во Токио, кој го доби бразилската екипа со 3-0.