Меѓунардоната фудбалска федерација (УЕФА) упати критики до Кристијано Роналдо и Лионел Меси дека го „дискредитираат фудбалот“ со тоа што не се појавуваат на свеченостите на доделување награди.

– Со своето однесување го дискредитираат фудбалот, можеби тоа и не го разбираат, изјави претставник на УЕФА за шпанска Марка.

Роналдо и Меси не се појавија на вчерашната свеченост на ФИФА во Лондон на која Лука Модриќ беше прогласен за најдобар фудбалер на светот.

Португалецот не се појави ниту на 30 август во Монако кога Модриќ беше прогласен за најдобар фудбалер на Европа во изборот на УЕФА.

Роналдо не дојде во Монако бидејќи останал без награда, а во Лондон не беше бидејќи наводно имал премалку време до новите лига-натпревари за Јувентус. Меси се откажа од доаѓање во Лондон поради семејни причини.