Претседателот на Светската фудбалска федерација (ФИФА) Џани Инфантино, предложил да се организира натпреварување на кое би учествувале осум репрезентации и на извесен начин би претставувало Светско првенство во мал формат, што би се одржувало на секои две години.

Шампионатот, кој би се викал „Фајнал ејт“ би претставувал кулминација на Купот на нациите, а идејата е дел од амбициозниот план за реформи во меѓународниот фудбал.

Во ФИФА веруваат дека за 12 години би можеле да создадат проект кој би вредел 25 милијарди долари.

Според информациите во повеќе медиуми, Инфантино во писмо навел дека група инвеститори се подготвени да потрошат 25 милијарди долари за да ги обезбедат правата за вакво натпреварување.

Ваквиот шампионат би се одржувал во октомври и ноември секоја непарна година почнувајќи од 2021.