Во консултациите ќе учествуваат сите клучни групи на заинтересирани страни во фудбалот, паралелно ќе се спроведе студија, а сѐ со цел да се спроведе сеопфатна анализа во потрага по подобри решенија за општото добро на играта, пишува ФИФА

Светската фудбалска федерација (ФИФА) почна консултации меѓу засегнатите страни за размислување за иднината на глобалниот фудбал, објави ФИФА на својата интернет-страница.
Особено внимание ќе има на планирањето и обликувањето на фудбалот со амбиција да се подобри квалитетот на играта на глобално ниво, потоа на организирањето значајни натпревари за гледачите без додавање датуми во тековниот календар на натпревари или дури и нивно намалување и за фудбалерите и за фудбалерките, ќе се земе предвид спортскиот фактор како главен приоритет, со давање шанса на секоја земја и секој талент, влијанието врз глобалната рамнотежа на натпреварувањата, подобрувањето на искуството за играчите и за гледачите, набљудувањето и зачувувањето на благосостојбата и здравјето на играчите, почитувањето на глобалниот натпреварувачки баланс на фудбалот на репрезентативно и на клупско ниво и разгледувањето на правилата на играта што ја следат и влијаат на еволуцијата на спортот и воведувањето технологии, пишува ФИФА.

Под раководство на шефот на ФИФА за глобален развој на фудбалот, Арсен Венгер, во консултациите ќе учествуваат сите клучни групи на заинтересирани страни во фудбалот, како што се фудбалери, тренери, клубови, лиги, научници, лекари, медиуми, трговски и радиодифузни партнери и гледачи, како и претставници од конфедерациите и здруженијата членки на ФИФА, а паралелно со консултациите ќе се спроведе студија што ќе се фокусира на низа аспекти, а особено на спортската страна, пишува ФИФА. Целта е да се спроведе сеопфатна анализа, земајќи ги предвид различните погледи и интереси на глобалниот фудбал, без предодредени цели во потрага по подобри решенија за општото добро на играта, пишува ФИФА.