Свет­ска­та фуд­бал­ска фе­де­ра­ци­ја (ФИФА) на­ред­ни­те де­но­ви ќе поч­не со па­ке­тот, како своевиден прв че­кор за фи­нан­си­ска по­мош на 211-те зем­ји-член­ки по­го­де­ни од пан­де­ми­ја­та на ко­ро­на­ви­ру­сот. Станува збор за исплата на 150 милиони долари, објави британскиот весник „Индепендент“.

ФИФА на секоја од 211-те национални асоцијации ќе ѝ исплати по 500.000 долари, а се откажа и од специфичните барања и критериуми што во нормални околности треба да се исполнат пред да се добијат парите. Дополнително ФИФА, исто така, наскоро ќе исплати и некои заостанати побарувања за лани и за годинава.

– Пандемијата предизвика невидени проблеми за целата фудбалска заедница и ние сме должни да им помогнеме на тие со најакутни потреби. Ова почнува со обезбедување непосредна финансиска помош за нашите членки, од кои многумина се соочуваат со сериозни финансиски неволји. Ова е првиот чекор од далекосежниот план за финансиско олеснување што го развиваме за да одговориме на итните случаи. Заедно со сите засегнати страни, ние ги проценуваме загубите и работиме на најсоодветните и најефикасните алатки за спроведување на другите фази на овој план – рече претседателот на ФИФА, Џани Инфантино.