Светската фудбалска федерација (ФИФА) на својата официјална страна, ја објави листата од 13 судии што на Светското првенство (СП) во Русија ќе бидат задолжени за следење на системот за видеоанализа (ВАР) на натпреварите. Од нив, деветмина се од Европа, тројца од Јужна Америка и еден од Азија.

Судиите ќе бидат по четворица во група и ќе ги прегледуваат спорните моменти на секој од 64-те натпревари на првенството. Меѓу нив има и такви, кои суделе на мечевите во Лигата на шампионите (ЛШ), сезонава. Петмина од нив, односно тројца Италијанци и двајца Германци, сезонава беа задолжени за следење на ВАР-системите во домашните првенства.
Понатаму во објавата на својата официјална страна, ФИФА објаснила дека изборот на судиите го направила според нивните претходни искуства во националните и во континенталните натпреварувања, како и според процените на многубројните семинари.


Листа на судии во Русија

Бастиан Данкерт (Германија), Дани Макели (Холандија), Артур Диас Соареш (Португалија), Даниеле Орсато (Италија), Павел Гил (Полска), Паоло Валери (Италија), Масимилијано Ирати (Италија), Феликс Вајер (Германија), Тиаго Бруно Мартинс (Португалија), Абдурахман Ал Јасим (Катар), Вилтон Сампаио (Бразил), Гери Варгас (Боливија), Мауро Виглиано (Аргентина).