Роберто Фирмино, стрелецот на третиот гол за Ливерпул во победата на гости кај Барнли со 3-0 во 4-то коло на англиската фудбалска Премиер-лига, стана првиот Бразилец што постигнал 50 гола во Премиер-лигата, вкупно деветти играч на Ливерпул со таков ефект.
Освен Ливерпул, само Манчестер јунајтед може да се пофали со деветмина фудбалери што постигнале 50 или повеќе голови во англиската Премиер-лига.