Кандидатите за наградата „најдобар“ на Светската фудбалска федерација (ФИФА) треба да бидат објавени денеска. ФИФА доделува награди за минатата сезона во повеќе категории, меѓу кои за најдобрите во машка и во женска конкуренција (играчи, голмани, тренери), награда за гледачите, за најубав гол, за ферплеј, тим на годината… По ова, ФИФА ќе ги прогласи најдобрите на свечената церемонија на 23 септември во Милано. Лани меѓу победниците беа Лука Модриќ, Марта, Тибо Куртоа, Дидие Дешам…