Монако е близу до привлекувањето на играчот од Челзи, Цеск Фабрегас, јави „Екип“.

Триесет и едно-годишниот Шпанец сака да игра под водство на неговиот поранешен тимски колега, Тиери Анри, кој го предводи францускиот тим. Трансферот се очекува да биде финализиран следната недела.

Оваа сезона, Фабрегас има 14 натпревари за Челзи на сите турнири во кои постигна еден гол.

Досега, Милан и Фенербахче беа заинтересирани за услугите на Фабрегас.