Агентот на Усеин Болт Рики Симс потврди дека Централ Коуст Маринерс на неговиот клиент му понудиле професионален договор.

Еден од најголемите атлетичари на сите времиња беше многу посветен на својата цел да игра професионално фудбал и шансата ја доби во Маринерс, клуб од првата австралиска лига.

Дојде на проба, одлично се вклопи во тимот и беше јасно дека клубот ќе му понуди договор.

Централ Коуст Маринерс во првото коло на австралиското првенство денеска одигра 1:1 на гостувањето кај Бризбејн Роар.