Еден граѓанин на Украина починал во Анталија, откако бил претепан од руски насилници. Украинскиот турист од Запорожје една недела беше во кома.

Како што објавија од „Интерфакс-Украина“, жител на Запорожје почина во сабота околу 10 часот. Украинецот претрпел сериозни повреди откако пред хотелот во градот Аланија, провинција Анталија, бил претепан од руски државјанин.

Според информации, конфликтот меѓу украинскиот државјанин и 30-годишниот руски турист потекнал од гледањето на натпреварот од 1/8 финалето на Светското првенство меѓу Русија и Хрватска (2: 2, пенали 3:4).

Според роднините на починатиот, турската полиција го казнила Русинот со 800 долари, по што тој заминал во својата татковина.

Светското фудбалско првенство завршува денеска со финалето Франција – Хрватска.