Европската фудбалска унија (УЕФА) денеска ќе ја соопшти казната за Милан поради непочитување на финансискиот ферплеј.

Пред неколку месеци, Милан беше казнет со одземање на правото за учество во еврокуповите, поради кршење на финансиските правила воведени од УЕФА.

По доаѓањето на „Елиот Менаџмент“ во Милан и заминувањето на кинескиот бизнисмен Јонхон Ли, клубот ја обжали одлуката на УЕФА пред арбитражниот суд.

Се очекува клубот да биде казнет и ставен под мониторинг за период од три години. 

Милан синоќа го заврши учеството во Лига Европа, по поразот од Олимпијакос од 1-3 во последното коло од групната фаза.