Европската фудбалска федерација (УЕФА) ја разгледува опцијата за воведување на ВАР технологијата веќе во претстојната сезона.

Иако претходно беше одлучено судиите да немаат помош од видео технологијата во текот на натпреварите од елитното натпреварување, сепак можно е ВАР да биде воведен во ЛШ почнувајќи од четвртфиналната фаза во сезоната 2018/19.

Британски „Тајмс“ пишува дека конечната одлука УЕФА ќе ја донесе на почетокот на септември.

Раководството на УЕФА сака да ги сведе на минимум сериозните судиски грешки и нивното влијание барем во завршницата на престижното натпреварување.